Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се најде на удар на шпанските државни органи поради говорот во кој ги повика сите приврзаници за независноста на Каталонија да се „мобилизираат“. Според весникот „Ел Насионал“, шпанската полиција ќе побара налог за да се приведе Гвардиола на распит поради учество на собирот за независност на Каталонија во јуни годинава.
Гвардиола е осомничен дека бил дел од групата чија цел била да „мобилизира луѓе кои ќе го бранат отцепувањето на Каталонија од Шпанија“.
Гвардиола е еден од најпознатите јавни личности кои ја поддржуваат независноста на Каталонија , а на изборите во 2015 година, познатиот тренер беше на листа на колаицијата „Глас за да“.
Тренерот на Манчестер сити речиси два месеци на сите натпревари и на прес-конференциите се појавува со жолта лента на градите како симбол на отпорот и поддршка на сите каталонски политички затвореници.
„Се додека се таму, ќе ја имаат мојата поддршка и сите мои победи ќе им бидат посветени на тие луѓе“ – изјави Гвардиола на почетокот на декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА