Ајакс му даде отказ на тренерот Кајзер

Холандскиот гигант Ајакс одлучи да се раздели со тренерот Марсел Кајзер. По елиминацијата во Купот на Холандија, раководството на клубот донесе одлука да ја раскине соработката со Кајзер, и со неговите асистенти Хени Спијкерман и Денис Бергкамп.

Кајзер дојде на клупата на Ајакс ова лето откако Питер Бош замина во редовите на Борусија Дортмунд.

„Клупското раководство едноставно ја загуби довербата дека Ајакс ќе може да ги реализира своите амбиции во оваа сезона, под палката на Марсел Кајзер. Му посакуваме се најдобро во кариерата и набрзо ќе го именуваме неговиот наследник“, изјавија од Ајакс.

  

Се вчитува...