Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ги посочи судиите како главни виновници за инцидентот во кој Лука Дончиќ беше исклучен уште во првото полувреме од дуелот со Валенсија. Тој истакна дека судиите покажале непознавање на правилата со преименување на својата прва одлука, од лична грешка на Плајс во намерна лична на Дончиќ.
„Клучна беше првата грешка, онаа неспортската што му беше досудена на Лука, а која е спротивна на правилата. Кога ќе досудат лична грешка на еден играч, не може по прегледување на снимка да ја преиначат во намерна лична на друг – тоа се правилата. Во овој случај тие го сторија тоа, стана премногу тензично и се случи она што се случи. Не го бранам Дончиќ, тој сигурно ќе извлече поука за сопственото однесување, бидејќи не требаше да реагира на таков начин“ – изјави Ласо.
Правилата е јасни, откако ќе биде досуден прекршок може да се прегледа снимка, но само за да се утврди дали тој фаул е намерен или не, a никако не смее да се промени одлуката, што всушност беше случај во ситуацијата со Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА