Англискиот премиерлигаш Њукасл е во негативна серија во Премиер – лигата, а тоа може да донесе и промена на менаџерската позиција. Иако Рафаел Бенитез има големи кредити, со оглед дека остана во клубот и во Чемпионшип – дивизијата и експресно го врати Њукасл во елитата, сепак, во последните девет кола неговиот тим освои само еден бод. Тоа дефинитивно е премалку дури и за скромните очекувања на раководството на овој клуб.
„Учиме од секој пораз, но мораме да учиме побрзо. Во Премиер – лигата е најважно да се освојуваат бодови, а тоа ние не го правиме“, изјави Бенитез по последниот пораз од Арсенал.
Њукасл планира звучни засилувања за зимскиот преоден рок. Се најавуваат имиња како Икер Касилјас (Порто), Фернандо Торес (Атлетико Мадрид), Енди керол (Вест хем)…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА