Службената победа во минатото коло над Босна е во минатото, Охрид им се врати на убедливите порази во рамките од АБА2 лигата. Македонскиот тим вечерва гостуваше во Словенија на екипата на Крка, каде претрпе уште еден катастрофален пораз, изразен со конечните 102-52.
Кога по само пет минути игра резултатот ќе гласи 15-0, јасно е дека на повидок е катастрофа, а охриѓани не го поправија впечатокот ниту во остатокот од мечот. Крка делуваше најмоќно во првата четвртина што словенечкиот тим ја доби со 32-6, за потоа домаќините да се „смилуваат“, да намалат гас и рутински да ја зголемуваат предноста се до завршните 50 поени разлика.
Американецот Бери со 20 поени беше единствениот со двоцифрен ефект кај охриѓани, а зад него следеа Зимиќ со осум, Михајловски со седум и Рос со шест поени.
Охрид по десет одиграни кола има само една победа, онаа службената од минатото коло против екипата на Босна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА