Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се закити со две одлијча на денешните награди во Шпанија за сезоната 2016/2017 во организација на медиумот „Марка“.Аргентинецот ги доби наградите за најдобар играч на првенството, а ја доби и наградата „Пичичи“ или одличје за најдобар стрелец за изминатата сезона. Меси на 38 лигашги средби постигна 37 погодоци, зад него со 29 гола се најде неговиот соиграч Луис Суарез, додека Кристијано Роналдо застана на 25 погодоци.Напаѓачот на Селта Виго Иако Аспас ја доби наградата за најдобар шпански стрелец во првенството, кој постигна 19 гола минатата сезона. Наградата за најдобар голман втора година по ред ја освои словенечкиот репрезентативец и играч на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА