Антиќ со 11 скока, Црвена звезда ја освои Црна Гора

Црвена звезда се надоврза на серијата одлични игри во Евролигата со нов триумф во АБА, овојпат на гостувањето во Црна Гора против Морнар со резултат 74-82. „Црвено-белите“ се соочија со проблеми во првата четвртина што Морнар со беспрекорна реализација во нападот ја доби со 28-18. Толку беа силите на црногорскиот претставник, па така актуелниот првак ја доби втората четвртина со 28-15, го сврте резултатот во своја полза и стигна до победата.

Перо Антиќ одигра 20 минути, период во кој изненадувачки не постигна ниту еден поен (0/4 за тројка), но затоа доминираше под обрачите со вкупно 11 скокови, надополнети со една асистенција и една украдена топка.

Црвена звезда сега е израмнета со Будуќност (по поразот на Црногорците во Задар) на делба на првото место на табелата со идентичен скор 10-2, пред Цедевита која има девет победи и три порази во досегашниот дел од сезоната. Убедливо последни се кошаркарите на МЗТ Скопје со скор 2-10.

Се вчитува...