Ненад Димитријевиќ постигна седум поени за Хувентуд во победата над Сарагоса, но пет од нив во клучните моменти во третата четвртина кога неговиот тим ја стигнуваше негативата од првото полувреме.
За ова издание македонскиот суперталент го доби најдобриот можен комплимент од тиражниот шпански весник „Марка“, кој го спореди Димитријевиќ со неверојатниот Лука Дончиќ.
„Нено Димитријевиќ – Лука Дончиќ на Хувентуд, динамит во својата најчиста форма“ – напишаа новинарите на Марка, објавувајќи видео со поените на Македонецот.
.@Neno_D7, el Doncic del Joventut: dinamita en estado puro https://t.co/2sr3x2YQm4 pic.twitter.com/I0SrDwRGdI
— MARCA Baloncesto (@MarcaBasket) December 17, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА