Лукаку и Лингард го решија ВБА

Манчестер јунајтед ја продолжува потерата по градскиот ривал Манчестер сити, иако засега предноста на „граѓаните“ е големи 11 бода. Тимот на Жозе Мурињо оствари триумф на гости против Вест Бромвич Албион, победувајќи со 1-2.

Ромелу Лукаку во 27.минута донесе водство за „црвените ѓаволи“, а Џес Лингард зголеми на 0-2 само осум минути подоцна.

ВБА се понадева дека може до рами со голот на Герет Бери во 77.минута, но, сепак, домаќинот немаше сили за тоа и да го реализира на теренот.

Се вчитува...