Ненад Димитријевиќ ја доби плејмејкерската битка со Лестер Бо Мекејлеб, а неговиот Хувентуд славеше во пресметката со Сарагоса со убедливи 94-83. Тимот од Баладона дојде до триумф благодарение на фантастичниот пресврт во второто полувреме, откако на одмор се замина со предност на гостите од 38-52, за во вторите 20 минути Хувентуд целоснод а го сврти мечот во своја полза и да стигне до својата четврта победа сезонава.
Димитријевиќ одигра 15 минути од овој натпревар, период во кој реализираше седум поени, два скока и две асистенции. На спротивната страна, Мекејлеб на своето деби во дресот на Сарагоса одигра десет минути за новиот клуб, реализирајќи шест поени и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА