Стариџ си заминува од „Енфилд роуд“ зошто сака да игра на мундијалот

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Иако има уште 18 месеци од актуелниот договор со клубот, тој сака да пронајде тим каде што ќе има многу поголема минутажа за да може да се наметне за настап во селекцијата на Англија на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русија.

Менаџерот Јирген Клоп начелно е согласен со одлуката на Стариџ да го напушти „Енфилд роуд“. Најзаинтересирани за неговите услуги се шшанските клубови Бетис и Валенсија, кои сакаат да го доведат на позајмица до крајот на сезоната.

 

Се вчитува...