Рома со крајни напори успеа да оствари минимален триумф (1-0) над Калјари, и тоа со гол во четвртата минута од судиското продолжение. Фазио постигна гол, а судијата се повика на ВАР системот за да провери дали е регуларен. По долго следење на видео-снимката, сепак, покажа на центарот, и тоа предизвика воодушевување кај фановите на Рома.
„Волчицата“ не беше расположена за игра на овој меч, но можеше да поведе и многу порано. Диего Пероти во 53.минута не успеа да реализира пенал, а повторно се гледаше видео-снимка по падот на Един Џеко во шеснаесетникот на гостите. Но, гостинскиот голман Алесио Крањо го одбрани ударот на Пероти.
На крајот сепак Рома стигна до важна победа и нови три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА