На бламажите на МЗТ Скопје во АБА-лигата како да им нема крај, но македонскиот првак вечерва дефинитивно се надмина со очајна одбрана, примајќи неверојатни 69 поени за само едно полувреме игра на гостувањето против Партизан.
Одбраната беше проблем за „металците“ и под водство на Александар Тодоров, но делува уште под очајно под водсто на новиот тренер Лукајиќ, по слободно може да се каже бедното издание во белградски „Пионир“ вечерва. Партизан во првото полувреме постигна дури 32 поени (32-19), а уште пошокантна за МЗТ беше втората четвртина во која домаќините реализираа дури 37 поени, на одмор заминувајќи со резултат 69-42.
Со вакви срамни изданија што се повторуваат веќе два месеци, јасно е зошто МЗТ Скопје се наоѓа на работ на амбисот наречен испаѓање од АБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА