МЗТ Скопје ќе биде следниот противник на Партизан кој се обидува да ја прекине својата „црна“ серија од шест порази во низа во сите натпреварувања. Новиот предводник на „црно-белите“ Ненад Чанак со одбрани зборови го коментираше македонскиот шампион и нивната моментална состојба во јадранското натпреварување, додека истакна голема почит на стратегот на „металци“.
„Според квалитетот на играчи МЗТ не заслужува да биде на дното на табелата. МЗТ има добро балансирана екипа, и од надвор и под обрач, особено под обрачот бидејќи имаат четири играчи кои се компатибилни и претставуваат голема опасност. Од моите играчи очекувам да одиграат максимално и да ја дадат сета енергија да издвоиме победа, исто така се надевам на поддршка од трибините. Се надевам дека навивачите ќе ја препознаат нашата ситуација во која се наоѓаме и ќе ни бидат ветер во грб цели 40 минути, без оглед на резултатот во било кој момент. Голема почит имам кон Лукајиќ, тој имаше големо влијание на мојата играчка кариера. Тој е борбен тип на тренер, кој никогаш не се предава и верувам дека неговиот тим ќе има дополнителен мотив да се надигрува со нас.“, истакна Чанак.
Партизан воедно ќе сака да се реваншира на МЗТ за поразот на стартот од сезоната во АБА – лигата, кога „штрковите“ сензационално триумфираа во „Јане Сандански“ со 92-87.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА