Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ) ја разгледува можноста за револуционерна промена со воведување на електрични мотори наредните години.
За изработка на прототипот на новите мотори на „батерии“ ќе биде задолжена „Енерџика“, соопштија од ФИМ. За оваа позиција се натпреваруваа шест производители, а моторите ги тестираше Лоренс Капироси.
ФИМ на овој потег се реши од еколошки причини, но целиот процес се уште е во почетна фаза.
„Има возила кои користат дизел агрегати за да ги дополнат батериите што нема баш многу смисла“ – изјави претседателот на ФИМ, Вито Иполито.
Главните тестирања ќе бидат во 2019 и 2020 година бидејќи како што се наведува, пазарот за електрични автомобили наменети за продажба е многу поразвиен.
Овие промени според најавите ќе ги опфатат категориите Мото 2, Мото 3, но и Мото ГП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА