Во последните 17 години, Баерн Минхен има освоено 11 титули во Бундес-лигата. Меѓу победниците во германскиот шампионат последните безмалку две децении, успеаја да влезат и Вердер Бремен, Штутгарт, Волфсбург и три пати Борусија Дортмунд. Но, во последните пет години, Баерн Минхен супериорно доаѓаше до титулата, а се чини дека и годинава ќе биде така.
Легендарниот Оливер Кан, во интервју за „Билд“ посочи што би можел да биде следен чекор на Баерн Минхен.
„Бундес-лигата е прелесна за Баерн. Од година во година се повеќе сум убеден дека Бундес-лигата е се полесна. Од моето пензионирање во 2008 година, ситуацијата во Баерн Минхен не е многу сменета. Ми се чини дека на клубот во последниве години му недостасува вистинска конкуренција. Во Бундес-лигата не постои клуб кој би бил способен да ја загрози неговата доминација. Па, за Баерн Минхен и нема друг пат освен да ја напушти Бундес-лигата. Порано или подоцна, најдобрите европски клубови ќе формираат своја лига. Тоа е неизбежно сценарио на кое ќе бидеме сведоци“ – изјави Оливер Кан во интервју за весникот „Билд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА