Фудбалер на Барселона за 18 месеци сменил девет тренери!

Надежниот фудбалер на Барселона, Серџи Сампер, кој сега настапува како позајмен играч во Лас Паламс, во последните 18 месеци сменил дури девет тренери. Или во просек од јуни минатата година досега Семпер има нов тренер на секои два месеци.

Сампер минатото лето тренираше со Барселона под водство на Луис Енрике до 26 август кога во Гранада како позајмен играч. Таму за една година смени четири тренери – Пако Хемес, Луис Планагум, Лукас Алкараз и на крај Тони Адамс.

И оваа сезона ја почна во Барселона со Ернесто Валверде, но на 25 август замина на нова позајмица, овој пат во Лас Палмас, каде до 26 септември го водеше Маноло Маркез. Него го наследи Пако Ајестеран кој во клубот се задржа до 30 ноември. Сега на Канарските Острови тимот го води Пакито Ортиз, но и нему договорот му истекува на крајот на годинава. А, тоа значи дека од 1 јанури, Сампер може да го добие и десетиот тренер

Се вчитува...