„Сити парк бојс“ со хуманитарна акција ќе го прослават 20.роденден

Навивачката група на КК Работнички, популарните „Сити Парк Бојс“, објавија дека со хуманитарна акција ќе го прослават својот 20.роденден. Тие ќе донираат новогодишни пакетчиња и играчки на дечињата кои се наоѓаат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Тие до јавноста се обратија со соопштение.

„Размислувајки на кој начин да го прославиме дваесеттиот роденден на групата,а тоа да не биде по стандарниот шаблон како што е пракса. После многу идеи и предлози сите заедно се согласивме тоа да биде покренување на една хуманитарна акција со која ќе ги израдуваме најмладите со новогодишни пакетчиња и играчки т.е. дечињата кои се наоѓаат на Универзитетската Клиника за Детски Болести и со тоа барем малку да ги израдуваме и изнудиме една искрена детска насмевка. Токму таа детска насмевка е многу побитна од секое испиено пиво, запалена бакља, испишана парола и реализирана кореографија. Сето тоа што се реализира по стандарниот шаблон на крајот ке заврши во кантата за отпадоци и освен слики и видеа кои ќе се вртат извесен период и на крајот ке паднат во заборав. На нашиот роденден ние не сакаме и не може да бидеме СРЕЌНИ кога многу други се НЕСРЕЌНИ и тој наш миг на среќа сакаме да го поделиме со сите на кои им е и те како по потребен од нас. Како група сме учествувале во безброј хуманитарни акции и никогаш ама баш никогаш не сме барале ниту ќе бараме да бидеме воспевани и издигани до небо,да бидеме преставувани како големи хуманитарци. Секогаш ќе помагаме колку и како можеме и засекогаш ќе останеме по страна зошто медиумската промоција е нешто туѓо за нас и така ќе остане. Секогаш присутни кога е потреба помош но секогаш на страна и секогаш во илегала.

Да го скратиме текстов и да не должиме многу многу. Хуманитарната акција ќе биде одржана истиот ден кога ќе биде и прославата на нашиот роденден, а тоа ќе биде на натпреварот против КК Струмица кој ќе се одигра на ден 22.12.2017 (за времето ќе бидете известени) во нашиот кошаркарски храм ГРАДСКИ ПАРК. Секој еден кој сака да помогне ќе може тоа да го стори со доаѓање на истиот и со оставање на прилог во кутиите кои ке бидат пред позиционирани пред влезовите во салата. Значи нема никакво продавање на КАРТИ туку се се остава на вас т.т. кој колку може и колку е спремен да донира. ВАЖИ ЗА СИМПАТИЗЕРИТЕ и ЉУБИТЕЛИТЕ НА КОШАРКАТА од другите ТРИБИНИ.

Што се однесува до навивачките реквизити ШАЛОВИ, МАИЦИ и ОСТАНАТО и што со нив? Да одговориме и на тоа има и шалови и маици специјално изработени за оваа пригода, а како ќе оди нивното превземање ќе бидете известени во најскоро време, бидејки истите се дел од хуманитарната акција. ВАЖИ ЗА СИТЕ ПРИПАДНИЦИ на CITY PARK BOYS!!

Значи на 22.12.2017 добредојдени се сите оние кои сакаат да ја помогнат оваа наша акција и со самото тоа да усреќат некое дете кое се наоѓа во болничката постела и барем малку да допринесат во неговото оздравување. ДЕТСКАТА НАСМЕВКА и СРЕЌА НЕМА ЦЕНА!!!

Ние кажавме што имаме да кажеме а на вас е дали ќе бидете дел од нешто благородно…

Со почит

CITY PARK BOYS

Се вчитува...