Аргентинскиот клуб Индепендиенте ја „преживеа“ Маракана и го подигна трофејот во Копа Судамерикана за 2017 година. Индепендиенте како гостин на познатиот стадион, одигра нерешено со бразилскиот прволигаш Фламенго (1-1). По победата во првиот меч на домашен терен со 2-1, ова реми на Аргентинците им беше доволно по втор пат во клупската историја (2010, 2017) да ја освојат престижната титула.
Реваншот тргна лошо за аргентинскиот тим бидејќи Пакета во 30. минута го доведе Фламенго во водство од 1-0. Но, десет минути подоцна беше досуден пенал за Идепендиенте, а сигурен реализатор беше Барко.
Фламенго во вториот дел се обидуваше да постигне втор гол и да се избори за продолженија, но Индепендиенте успеа да се одбрани и на крај да ја прослави титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА