Јунајтед минимално, Ливерпул и Арсенал недоволно добро

Манчестер јунајтед го совлада Бурнемаут со 1-0 на „Олд трафорд“ и ја врати позитивната атмосфера во тимот по поразот во градското дерби од Манчестер сити. Ромалу Лукаку беше стрелец на единствениот погодок на овој меч, со кој „црвените ѓаволи“ стигнаа до 38 бода, и повторно имаат 11 негатива во однос на „граѓаните“.

Тотенхем со 2-0 го победи Брајтон. Орие во 40.минута го отвори резултатот, а Сон во завршницата го постави конечниот епилог.

Ливерпул и Арсенал не беа доволно добри во ова коло и ремизираа без голови. Ливерпул не успеа дома да освои три бода против Вест Бромвич Албион, играјќи 0-0, а со идентичен резултат и Арсенал си помина на гости кај Вест Хем.

Се вчитува...