Вилијан: До крај ќе се бориме за одбрана на титулата во Премиер – лигата

Англискиот првак Челси се врати на победнички колосек со синоќешниот триумф над Хадерсфилд (1-3) на гости, а човек на одлука беше Бразилецот Вилијан, кој постигна еден гол и забележа две асистенции. Сега лондонските „сини“ имаат 35 бода и доцнат 11 зад лидерот Манчестер сити. Но, Вилијан вели дека Челси нема така лесно да се откаже од одбрана на титулата во Премиер – лигата.

„Одигравме одличен меч, имавме комплетна доминација и постигнавме брзо три гола, со што го решивме дуелот. Најважно е дека освоивме нови три бода и повторно сме во победнички елемент. Манчестер сити побегна навистина далеку, но бидете сигурни дека ние до крај ќе се бориме за одбрана на шампионската круна“, изјави Вилијан.

Се вчитува...