Арсенал ќе биде значително ослабен за утрешното лондонско дерби против Вест хем откако двајца првотимци заработија повреда и нема да можат да му се стават на располагање на Арсен Венгер за оваа средба. Ова на денешната прес-конференција го потврди самиот Венгер, откривајќи дека Рамзи се повредил на дуелот со Саутемптон, додека Мустафи воопшто не настапи на претходниот натпревар, но и не успеал навреме да се рехабилитира од повредата.
„Рамзи ќе мора да паузира уште извесно време поради повреда на мускулот. Не се враќа ниту Мустафи, кој се уште се жали на болка и нема да настапи ниту со Вест хем“ – изјави Венгер на денешната прес-конференција.
Арсенал моментно се наоѓа на петтото место на премиерлигашката табела со 29 бода, дури седумнаесет помалку од лидерот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА