Челси мора експресно да им се врати на победите по последниот пораз од Вест хем, но задачата на „сините“ на вечерашното гостување против Хадерсфилд ќе биде дополнително отежната со повредата на Алваро Мората. Шпанскиот ас, кој е прва опција на Конте во нападот на англискиот првак, се пожалил на повреда по мечот со Вест хем, па денеска воопшто нема да патува со остатокот од екипата.
„Мората има проблеми со грбот и нема да може да ни помогне. Истото важи и за Давид Луиз, кој се уште се мачи со коленото. Добра вест е што се враќа Дринквотер, кој денеска тренираше со екипата“ – изјави Антонио Конте.
Италијанскиот стручњак дополнително треба да реши дали да му даде шанса на Батшуаи, кој премногу ретко ја има улогата на стартер, или повторно ќе се реши за формација со Еден Азар како најистурен во нападот, помогнат од Педро и од Вилијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА