Мирослав „Мута“ Николиќ се наоѓа пред отказ во Партизан и најверојатно нема да го дочека саботниот дуел од АБА-лигата во кој белградските „црно-бели“ ќе го пречекаат МЗТ Скопје.
Искусниот стратег од самиот старт на сезоната беше критикуван за слабите игри на тимот, но на последниот дуел против Цедевита голем дел од навивачите гласно бараа негово заминување. Иако тој истакна дека нема намера да си поднесе оставка, управата на клубот е загрижена за слабата форма на екипата. Веќе денеска би требало да се одржи состанок на Управниот Одбор на Партизан на кој ќе се дискутира пред се за (не)доверба во тренерот, кој според најавите на српските медиуми се наоѓа многу близу до отказ.
МЗТ Скопје го доби премиерниот дуел од АБА-лигата против Партизан, што сигурно ќе биде само мотив повеќе за српскиот тим да му се реваншира на македонскиот шампион на саботниот дуел во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА