ФОТОГАЛЕРИЈА: Џабе шоуто на „Фемили“ кога МЗТ заборави да победува

МЗТ Скопје го претрпе и седмиот пораз во низа во АБА-лигата, овој од Морнар се чини најболен ако се знае дека „сино-белите“ имаа огромни 19 поени предност, но и тоа беше премалку кога македонскиот првак уште еднаш покажа дека заборавил да победува во регионалното натпреварување.

„Фемили Аеродром“ се вратија на трибините и за момент меч на МЗТ потсети на старите добри времиња. Беше убаво додека траеше… додека од минатото аеродромци не се вратија во сегашноста – со очаен финиш и неочекуван пораз во еден од клучните натревари против директен ривал за опстанок.

А со ваква сегашност црна е и иднината, јасно му е тоа и на новиот тренер Лукајиќ, кого го чекаат полни раце работа од оваа екипа да создаде силен колектив.

[new_royalslider id=”876″]

Се вчитува...