Рома не успеа да го искористи синоќешното реми на Јувентус и Интер за да се приближи до водечките екипи на табелата откако „волчицата“ попладнево одигра само 0-0 на гостувањето против Киево.
Гостинскиот стратег експериментираше стартувајќи го натпреварот без Един Џеко, со Шик како најистурен во нападот, што се покажа како лоша одлука бидејќи офанзивните играчи на римскиот клуб тотално потфрлија.
Домашниот голман Сорентино беше најзаслужен за ова реми откако во неколку секунди маестрално ги запре обидите на Шик и на Жерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА