ЖФК Драгон од Скопје е новиот есенски шампион на Македонија во Првата фудбалска лига за жени.
По триумфот над битолски Атлетико од 2-1, Драгон со максимални 11 победи од исто толку натптевари стигна до есенската круна, најавувајќи отворено за своите амбиции на крајот од сезоната повторно да се врати на врвот на македонскиот женски фудбал.
ЖФК Драгон во последното есенско коло против Атлетико славеше со двата погодоци на Марина Митревска.
Есенската титула Драгон ја освои со 33 бода, пред Тиверија која има 27 бода, но својот натпревар од последното есенско коло Тиверија го игра денеска (13 ч.) на гостувањето против Борец. Денеска се играат и останатите три последни натпревари од есенскиот дел од шампионатот, Тетово 2017 – Истатов, Њујорк – Каменица Саса и Кочани – Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА