Претставникот на Обединетите Арапски Емирати, тимот на Ал Џазира, ќе му биде ривал на европскиот првак Реал Мадрид во првото полуфинале на Светското клупско првенство. Ал Џазира со 1-0 ја совлада Урава, со голот на Али Ахмед Макбут и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи на клупскиот мундијал.
Мексиканскиот тим Пачука исто така ќе биде дел од полуфиналето. Фудбалерите на овој тим го совладаа Видад од Казабланка, првакот на Африка, дури пи 120 минути игра, со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Виктор Гусман.
Полуфиналните мечеви на Светското клупско првенство се на програмата на 12. и на 13.декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА