Новиот тренер на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ, денеска пристигна во Македонија и се фати за работа со кошаркарите на актуелниот првак. Тој нема многу време со оглед на фактот дека веќе утре го очекува значајниот дуел од АБА-лигата против Морнар, а Лукајиќ јавно испрати порака до своите кошаркари дека очекува многу поголема страст при бранењето на боите на „сино-белите“ од скопската населба Аеродром.
„Јасно ми е каде доаѓам, изминатиов период следев се што се случува во АБА-лигата и добро сум запознаен што ме очекува во новата средина. Ги знам силите со кои располагам, а сега најважна задача ми е да ги уверам кошаркарите во квалитетот кој го имаат и да го насочам сето тоа кон успешни резултати на клубот. И за нив самите е лошо кога влегуваат во низа порази, па затоа сум убеден дека и тие ќе сакаат да дадат се од себе за што побрзо со заеднички сили да излеземе од кризата. Ќе мора да ја кренеме главата, да поработиме на психата и пред се секој мора да ја сфати својата улога во тимот“, објаснува Лукајиќ.
Наследникот на Александар Тодоров очеува тренерската смена да донесе и позитивна шок-терапија во редовит ена МЗТ Скопје.
„Моите очекувања во моментов се сведуваат само на тоа дека и јас и моите кошаркари ќе бидеме професионални и дека ќе го вложиме својот максимум. А, ако го сториме тоа тогаш многу полесно може да ја изанализираме ситуацијата и да дадеме оценка на тоа што го сакаме да крајот од сезоната. Досегашните искуства велат дека едни вакви шок-терапии со промени на тренерот носат добри резултати. Но, шокот трае кратко и без максимално вложување на енергијата не може да се направи ништо. Треба да се тренира што е можно повеќе, да се исправаат грешките во од бидејќи и време нема многу со оглед на настапот на две различни натпреварувања. Сепак, секогаш сум оптимист и верувам дека ќе дојдат подобри времиња за тимот кој го преземам“, истакнува Жељко Лукајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА