Германскиот првак Баерн Минхен е во интензивна потрага за нов тренер, со оглед дека Јуп Хејнкес се сложи да го преземе тимот само до завршувањето на оваа сезона и да помогне да се исправат работите по заминувањето на Карло Анчелоти. Времето си минува, а се потешко е Баерн Минхен да успее да ги доведе Јоаким Лев, селекторот на Германија, или Јирген Клоп од Ливерпул. Се споменува и Џулијан Нагелсман од Хофенхајм, но тој се чини дека е сепак премлад за да застане на кормилото на баварскиот гигант.
Изненадување е дека можеби „Зоро“ ќе седне на клупата на Баерн Минхен. Пауло Фонсека, тренерот на Шахтјор Доњецк, кој дојде облечен како „Зоро“ на прес – конкеренцијата откако го совлада Манчестер сити и успеа да обезбеди европска пролет во Лигата на шампионите, е сериозен кандидат за работното место во Баерн Минхен, открива „Билд“.
Останува да се види како ќе завршат преговорите меѓу раководството на клубот и стратегот кој сега има успеси со Шахтјор Доњецк, а претходно ги водеше и Порто и Брага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА