МЗТ избра: Лукајиќ нов тренер, Мулаомеровиќ беше прескап

Жељко Лукајиќ е изборот на управата на МЗТ Скопје за нов шеф на стручниот штаб на „металците“, откако Александар Тодоров си поднесе оставка од тренерската функција. Српскиот стратег ќе пристигне во Скопје и в недела ќе го води тимот на дуелот со Морнар, еден од клучните натпревари за враќање на шансите за опстанок во АБА-лигата.

Точно е дека се договоривме со Лукајиќ, кој ќе биде наш тренер до крајот на сезонава. Имавме разговори и со Дамир Мулаомеровиќ, со кого не се договоривме околу финансиите, по што изборот падна врз Лукајиќ како искусен стратег со бројни натпревари во АБА-лигата. Новиот тренер ќе дојде во Скопје за потпис на договорот, по што ќе го одржи и првиот тренинг со екипата, а потоа ќе го води тимот против Морнар“ – изјави за ЕКИПА директорот на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров.

Жељко Лукајиќ минатата сезона ја водеше екипата на Игокеа, а претходно во кариерата има работено и како предводник на Хемофарм, Лукоил академик, Партизан, Војводина…

Се вчитува...