Ракометарите на Еурофарм Работник славеа убедлива победа на гостувањето во Автокоманда против Металург 2 со 21-35. Битолскиот суперлигаш доминираше во поголем дел од натпереварот и очекувано ги освои бодовите во овој дуел.
Само во првите петнаесетина минути, младиот состав на „металурзи“ успеваше да му парира на противникот и да држи чекор (5-6). Но, потоа следуваше серија од 4-0 гола на гостинскиот состав кој уште во 20 минута успеа да се одлепи и до крај остана во сигурна позитива. На полувремето битолчани веќе имаа сигурни +9 (8-17).
Во второто полувреме избраниците на Илија Темелковски само рутински ја довршија работата и запишаа нова победа со конечните 21-33.
Репрезентативците Стефан Дрогришки и Гоце Ојлески постигнаа по седум гола, а Трајковски додаде шест во победата на Еурофарм Работник. Во составот на Металург 2, прв стрелец беше Мице Шилегов со четири погодоци, а по три постигнаа Танковски и Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА