Првото полувреме од дербито меѓу МЗТ Скопје и Работнички заврши со водство на МЗТ Скопје од 38-35, а иако на трибините има само членови на гостинската навивачка група „Сити парк бојс“, сепак дојде до мал инцидент кога дел од нив се обидоа да ја минат заштитната ограда и да се пресметаат со фановите кои минуваа крај нив.
За среќа, обезбедувањето и полицијата реагираа благовремено, не дојде до посериозен инцидент, па веднаш по земениот тајмаут од страна на Докузовски гостинските фанови продолжија со песни да ги бодрат своите миленици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА