Англискиот премиерлигаш Тотенхем е заинтересиран за ангажман на Џофри Кондогбија, одличниот играч за врска на Валенсија. По двете очајни сезони во дресот на Интер, каде не успеа да се наметне, поранешниот фудбалер на Монако го врати својот сјај со настапите на „Месталја“. На 13 натпревари постигна три гола, но прикажа одлична игра во маневарот на „лилјаците“, а сето тоа го следи менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино.
Тотенхем се надева дека во летниот преоден рок ќе успее да го доведе Кондогбија и да го подготви како наследник за Муса Дембеле, чиј договор со клубот истекува во 2019 година. Кондогбија дојде во Валенсија како позајмен играч, со опција овој шпански клуб да го откупи неговиот договор за сума од 25 милиони евра. Доколку тоа не се случи, тогаш Тотенхем ќе има отворен простор за делување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА