Една грижа помалку за Зидан, Марко Асенсио се врати на тренинзите

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, има една грижа помалку за наредниот натпревар во Ла Лига, откако од вчера повторно на располагање го има младиот офанзивец Марко Асенсио. Тој се опорави од повредата и повторно е во ритам, иако повеќе од јасно е дека Зидан нема да го користи за утрешниот меч против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Со оглед дека Серхио Рамос и Дани Карвахал ќе ги нема на располагање на следниот првенствен натпревар со Севилја, Марко Асенсио ќе биде опција повеќе во навалната линија. „Кралевите“ покажаа дека ниту во нападот не се на висина на задачата на последното гостување кај Атлетик Билбао, ремизирајќи без голови.

Се вчитува...