Гоце Седлоски е тренер на годината за сезоната 2016/17. Апсолутно заслужено. Три години последователно беше шампион на Македонија со Вардар, а го подготви и тимот кој потоа, непосредно по неговото заминување, направи историски подвиг со пласманот во групите од Лигата на Европа.
И еве, сега се гледа, не е сеедно…Без Седлоски, или со него, барем за Вардар.
„Сакам да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за наградата, секако благодарност и пред се до Вардар, до мојот стручен штаб, до сите со кои ги освојувавме титулите во изминатите три години. Но, најзаслужни за успехот се играчите и сопственикот. Оваа 2017 година беше успешна на фудбалски план, како на репрезентативен, така и на клупски. Се надевам дека 2018 ќе биде уште поуспешна“, изјави Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА