Интер и Барселона во трка за новото бразилско чудо од Гремио

Италијанскиот калчолигаш Интер и Барселона се заинтересирани за најновото бразилско фудбалско чудо, Артур Мело од редовите на Гремио. Тој беше клучната фигура во својот тим за освојување на трофејот во Копа Либертадорес. 21-годишниот фудбалер е офанзивен играч за врска и со своите игри многу потсетува на Андрес Иниеста.

„Имаме потврда дека за Артур се интересираат Интер и Барселона, кои испратиле скаути да го следат во финалето на Копа Либертадорес. Но, се што можам да кажам е дека тој има актуелен договор со Гремио, а неговата отштетна клаузула изнесува 50 милиони евра. Доколку добиеме конкретна понуда, сигурно дека ќе биде разгледана“, изјави потпретседателот на Гремио, Одорико Роман.

Се вчитува...