Екипата на Куманово оствари голема победа над Пелистер својот терен со резултат од 93-73 (25-17, 26-18, 20-10, 22-28), во третата денешна средба од 8. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Кумановци ја прекинаа „црната“ серија од четири порази во низа во сите натпреварувања, додека Пелистер и натаму тоне на дното на табелата во домашниот шампионат, со седми пораз во низа и само еден единствен триумф.
Кошаркарите на Ацо Петровиќ по две четвртини постигна високи 51 поен и веќе имаa сигурна предност на паузата (51-35). Со 10 поени разлика (20-10) го освоија и третиот период, па за битолчани беше јасно дека и по оваа средба нема да се радуваат на победа. Пелистер се разбуди во последниот период кој воедно го освои со 28-22 , но во тие моменти веќе беше касно за било какво изненадување.
Екс-кошаркарите на МЗТ Скопје, Стајиќ и Мекиќ одиграа фантастично за својот нов тим. Плејмејкерот во своето деби во дресот на Куманово забележа импресивни 19 поени и 5 асистенции, Мекиќ постигна исто токлку поени, но додаде и шест скока, додека капитенот Јанески застана на 15 поени и две украдени топки. За тимот на Пелистер Роберт Луи беше најефикасен кошаркар со 16 поени, а Мико Голубовиќ додаде 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА