Шкупи ја забележа втората победа во кошаркарската прва лига откако скопскиот прволигаш по голема битка славеше на гостувањето против Струмица со резултат 64-69.
Струмичани фуриозно го стартуваа натпреварот, во првата четвртина славеа со 26-11, а потоа кон средината на вториот имаше и 32-13, но Шкупи покажа карактер и успеа да се врати. На одмор се замина со водство на домаќините од 40-29, за потоа гостите од Скопје целосно да доминираат во преостанатите 20 минути, да го добијат остатокот од мечот со 24-40 и да стигнат до убедлива победа.
Миојеке со 27 поени и 17 скокови беше најзаслужен за големиот триумф на Шкупи, додека најдобар стрелец на Струмица при денешниот пораз беше Тајнс со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА