Без еуфорија но со размислувања дека може да се помине групата и да се стигне до осминафиналето на Мундијалот во Русија, во таборот на репрезентацијата на Србија ја дочекаа денешката ждрепка.
Бразил сигурно е неприкосновен во Групата Е, но Србите веруваат дека може да се надигруваат и со „кариоките“, и со Швајцарија и со Костарика…
„Задоволен сум од ждрепката. Да бидеме реални, можеше да биде и многу полошо“ – вели потпретседателот на ФСС, Саво Милошевиќ и дополнува:
„Според мене одлично е што го добивме Бразил, сигурно една од најмоќните светски селекции. Имаме реални шанси да ја минеме групата, затоа што тука се две репрезентации со кои може да се игра. Мислам и дека сме за нијанса подобри од Швајцарија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА