Најлошо додавање во Премиер-лигата сезонава (видео)

Ренато Санчес требаше да биде големо засилување за Свонси со доаѓањето од Баерн Минхен, но наместо тоа Португалецот стана тотално трансфер-промашување на велшкиот клуб во Премиер-лигата.

Доказ за тоа е и ова катастрофално додавање, сигурно најлошо во елитното англиско фудбалско друштво сезонава. Реакцијата на стратегот Пол Клемент говори се, заедно со неговата одлука веќе на полувремето да го повлече младиот Португалец од игра.

Не, тој не беше повреден, едноставно одигра многу лошо во првото полувреме. Ренато е исклучително талентирано момче, но се уште го нема докажано тоа во Премиер-лигата“ – изјави Клемент.

Се вчитува...