ФА на Англија ќе го „дисциплинира“ Конте

Фудбалската асоцијација на Англија покрена дисциплинска постапка против менаџерот на Челси, Антонио Конте, поради непрофесионално однесување кон четвртиот судија на вчерашниот натпревар од Премиер – лигата меѓу Челси и Свонси. Инцидентот се случи во 43. минута од натпреварот, кога италијанскиот стратег „избувна“ кон четвртиот судија Ли Мејсон поради погрешно донесената одлука на неговиот колега, Нил Сварбрик.

Сварбрик им подари посед на топка на гостите од Велс, а со тоа Конте не се согласи сугерирајќи дека треба да биде корнер за неговата екипа. Но, подоцна главниот арбитар го испрати на трибините.

По натпреварот, кој завршни со минимален триумф (1-0) за актуелниот англиски шампион, Конте им се извини на судиите, но тоа нема да амнестира од казна. Според соопштението на ФА на Англија, тој има право на жалба до 5. декември. Во следните денови стратегот ќе ја дознае и висината на казната.

 

Се вчитува...