Во последниот натпревар пред зимската пауза во Лигата на шампионите, Вардар в сабота 917.30 ч.) во „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Кристијанштад. Вардарци се на лидерската позиција во групата А без пораз во првите девет натпревар од групната фаза во ЛШ, што им дава фаворитска улога и во саботниот дуел со шведскиот претставник.
„Очекувам тежок натпревар затоа што Кристијанштад има добри играчи. Знам дека ние сме во многу добра ситуација и сигурно ќе бидеме на првото место до февруари. На гости против кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа е противник кој игра многу брзо и има добар контранапад. Така одиграа и против ПИК Сегед во последниот натпревар. Очекувам и овде во сабота да биде слично“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.
За саботниот дуел против Кристијанштад во составот на Вардар најверојатно ќе ги нема Хорхе Македа и Рожерио Мораеш кои имаат проблеми со повреди, но конечната одлука ќе се знае утре.
„Утре имаме тренинзи. Не се знае се уште дали во сабота ќе играат Хорхе Македа и Рожерио Мораеш“ – информираше Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА