Бразилскиот тим Гремио го совлада аргентинскиот ривал Ланус со 2-1 (вкупно 3-1) во реванш натпреварот во финалето од Копа Либертадорес, јужноамериканската Лига на шампиони. Фернандињо и Луан уште во првото полувреме му донесоа сигурно водство на бразилскиот состав од два гола, додека погодокот на Хосе Санд од белата точка во второто полувреме ги постави конечните 2-1.
Ова е трета титула за Гремио во континенталното натпреварување, чекаа дури 22 години за повторно да го освојат посакуваниот трофеј, а првата титула ја освоија во далечната 1983 година. Нивниот тренер Ренато Гаучо е првиот Бразилец кој го освои пехарот и како играч и како тренер, откако беше во составот на Гремио при првата шампионска кампања во 1983 година.
https://www.youtube.com/watch?v=YNvMG69q8Yo
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА