Нов удар за ЛА клиперс, Грифин вон строј два месеци

Крилниот центар на Лос Анџелес клиперс, Блејк Грифин, поради повреда на коленото мораше пред време да го напушти градското дерби против „езерџиите“. Според информациите од клубот, Грифин ќе отсуствува два месеци.

Повредата на Грифин се случи откако неговиот соиграч Остин Риверс падна врз неговата нога, по што 28-годишниот крилен центар веднаш почувствува силна болка во коленото и беше приморан да го напушти теренот на четири минути пред крајот на средбата. Клиперси стравуваа дека Грифин ќе отсуствува многу подолго, бидејќи се работи за истото колено поради кое ја пропушти целата 2009/2010 година.

Франшизата од „градот на ангелите“ се справува со големи проблеми од стартот на сезоната, веќе повредени и надвор од комбинација се Патрик Беверли (до крај на сезона), Данило Галинари, додека кам-бекот на Милош Теодосиќ се очекува да биде по католички Божиќ.

Петкратниот „ол-стар“ од почетокот на оваа сезона има просек од 23.4 поени по натпревар, 7.7 скока и пет асистенции.

 

Се вчитува...