МЗТ Скопје по повеќе од две години пауза повторно ќе ја има поддршката на своите најверни навивачи, припадниците на „Фемили Аеродром“, кои најавија враќање на својата трибина почнувајќи од дуелот со Морнар закажан за 10 декември. „Фемили“ преку еден од своите профили на социјалните мрежи го објави враќањето, посочувајќи го точниот датум за камбекот што се најавуваше веќе извесно време.
Станува збор за еден од клучните натпревари на македонскиот првак за опстанок во регионалното натпреварување, па јасно е дека помошта од трибините ќе биде добредојдена за избраниците на Александар Тодоров. Сепак, со потенцирањето на терминот на враќање станува јасно дека „Фемили“ нема да бидат на својата трибина на првото вечно дерби сезонава против Работнички, што ќе се одигра неколку дена пред дуелот со Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА