Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е во голема резултатска криза, а раководството на клубот се обидува да ги пронајде причини за ваквиот голем пад во формата на фудбалерите. Се чини дека одговорот го има извршниот директор Ханс – Јоаким Вацке, кој тврди дека „милионерите“ патат од пострауматски стрес по терористичкиот напад на нивниот автобус што се скучи минатата сезона, пред мечот со Монако во ЛШ.
„Не смееме да ја потцениме анализата на психолозите, кои истакнуваат дека фудбалерите патат од пострауматски стрес од сето она што му се случи на тимот со терористичкиот напад на нашиот автобус. Токму затоа, сите фудбалери имаат професионални третмани со психолози, кои се обидуваат да го разрешат овој проблем. Секако, сето ова се одразува многу и на настапите во текот на оваа сезона. Зачудува што почетокот беше фантастичен, а сега тимот западна во голема криза“, изјави Ханс – Јоаким Вацке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА