ОФИЦИЈАЛНО: Арпад Штербик две години во Веспрем!

Еден од најдобрите светски ракометни голмани Арпад Штербик и официјално потпиша двегодишен договор со Веспрем, објавија денеска од унгарскиот клуб.

И покрај првичните најави дека по крајот на сезоната е можна негова пензија, Штербик се одлучи Вардар да го замени со Веспрем во чии редови ќе биде од 1. јули 2018 до 30. јуни 2020 година.

„Мојот прв договор со Веспрем беше пред 16 години, клуб во кој минав одлични денови. Потоа имав навистина големи успеси со Барселона и со Вардар, но сега повторно сакам да се вратам во врвот на европскиот ракомет токму со Веспрем. Затоа и ја прифатив оваа понуда од Веспрем, а со оваа преселба сакав и да бидам поблиску до моето родно место, семејството, пријателите“ – вели 38-годишниот Штербик околу потпишувањето на договорот со унгарскиот шампион.

Се вчитува...