Фудбалскиот обсерваториум „Си-Ај-И-Ес“ (Интернационален центар за спортски студии) заедно со ФИФА направија неколку анализи на сите репрезентации – учесници на Светското првенство 2018 година.
Меѓу 32-те национални селекции кои обезбедија учество на мундијалот во Русија, Нигерија се истакнува како најмлада репрезентација која ќе игра на СП, со просечна возраст на фудбалерите – репрезентативци од 24.9 години. Актуелниот светски првак Германија е на второто место со просек од 25.7 години, додека меѓу најмладите 10 репрезентации се најде и европскиот вицешампион Францција (6. место) со 26.4 години по возраст на фудбалер. Европскиот шампион Португалија е меѓу поискусните селекции со просечни 27.7 години, домаќинот Русија има исто така искусна селекција, со 28.1 просечна возраст на играчи. Како најискусна репрезентација е Панама, со просечна возраст на играчи со речиси 30 години (29.4).
Нашиот северен сосед Србија ќе биде највисоката селекција на СП, просечната висина на репрезентативците во српскиот ссотав изнесува 185.6 центиметри, Русите се шестата највисока селекција со 184.3 центиметри. Во овие анализи, бранителот на светскиот трофеј Германија е осмата највисока селекција со просек од 183.8 центиметри, додека финалистите од минатогодишното Европско првенство, Португалија и Франција ги делат 19. и 20. место со 180.5 центиметри просечна висина по репрезентативец. Како репрезентација со најниски фудбалери ќе биде Саудиска Арабија со 176.2 центиметри.
Процентуално се измерени и сите репрезентативци кои ја претставуваат својата земја, а не играат во првенствата од истата нација. Сите репрезентативци на Хрватска, Шведска и Исланд се интернационалци, што значи дека во националните состави немаат ниту еден фудбалер од своите домашни првенства. Во моменталниот состав на домаќинот Русија само двајца фудбалери играат во странство (Роман Нојштадер во Фенербахче и Константин Раух во Келн), а единствените две селекции кои наоналниот тим го составија од фудбалери кои настапуваат во во домашните првенства се Англија и Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА