Јуп Хејнкес минатиот викенд во Менхенгладбах го претрпе првиот пораз по камбекот во Баерн Минхен, но многу поголеми главоболки на трофејниот стратег од загубените бодови му создаваат бројните повреди на стандардните првотимци.
Добра вест за Баерн е што Томас Милер веќе неколку дена тренира со остатокот од екипата и офанзивецот сигурно ќе биде во комбинација за настап против Хановер в сабота. Со тренинзи денеска почна и Франк Рибери, кој влезе во завршната фаза од рехабилитацијата и наскоро би можел да му се стави на располагање на Хејнкес. Враќањето на овие двајца фудбалери е одлична вест за Баерн, со оглед на фактот дека на листата на повредени се уште се наоѓаат Арјен Робен и Хамес Родригез, како и Хуан Бернат.
Позицијата лев бек исто така е „кризна“ за баварскиот гигант бидејќи покрај Бернат, повреден е и Давид Алаба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА